
Едно од примарните места на дејство на кофеинот во човечкото тело е неговиот стимулативен ефект врз когнитивните функции.
Една Red Bull Sugarfree лименка од 250 мл содржи 80 мг кофеин. Кофеинот помага да се подобри концентрацијата и да се зголеми вниманието.
Тауринот е аминокиселина, која природно се јавува во човечкото тело и е присутна во секојдневната исхрана.
Вклучен е во широк спектар на биолошки процеси, вклучувајќи ја осморегулацијата, што е регулирање на клеточната вода и електролитната рамнотежа во телото.
Тауринот е една од најзастапените аминокиселини во мозокот, срцето и мускулите.
Витамините се неопходни микронутриенти кои се потребни за одржување на нормалните функции на телото. Постојат два вида витамини: растворливи во масти и растворливи во вода.
Red Bull Sugarfree содржи витамини растворливи во вода. Витамините растворливи во вода не се складираат во телото колку витамините што се растворливи во масти. Наместо тоа, тие циркулираат низ крвната плазма, а она што телото не го користи се ослободува. Red Bull Sugarfree ги содржи следните Б-витамини кои се растворливи во вода: ниацин (витамин Б3), пантотенска киселина (витамин Б5), витамин Б6 и витамин Б12.
Оваа група на Б-витамини придонесува за нормален метаболизам што дава енергија, како што е изградбата и распаѓање на јаглени хидрати и протеини и придонесува за нормални ментални перформанси (пантотенска киселина) и намалување на заморот (ниацин, пантотенска киселина, Б6, Б12).
Дополнително, групата на Б- витамини играат централна улога во мозокот. Ниацинот, витаминот Б6 и витаминот Б12 придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем.
Ацесулфам К и сукралозата се меѓу најтестираните и најкористените замени за шеќер во светот.
Ацесулфам К е некалоричен засладувач. Се користи низ целиот свет во над илјада различни производи, вклучувајќи храна и пијалаци како гуми за џвакање, млечни производи, печива итн.
Сукралозата е некалоричен засладувач направен од шеќер и има вкус на шеќер. Сукралозата се произведува синтетички и се користи во широк спектар на производи, вклучувајќи пијалаци, печива, десерти, млечни производи, конзервирано овошје и сирупи.
Сукралозата и Ацесулфам К се меѓу најтестираните и најкористените замени за шеќер во светот. И двете состојки се безбедни. Бројни научни студии покажуваат дека овие супстанции се безбедни за употреба како состојки за засладување. Безбедноста на овие засладувачи е проценета од регулаторни тела низ целиот свет (на пример, Американската администрација за храна и лекови - FDA).
Надлежните институции се потпираат на евалуации од независни научни советодавни тела, како што се Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), Американската администрација за храна и лекови (FDA), и Заедничкиот експертски комитет на ФАО/СЗО за адитиви во храна (JECFA).
Водата е главна состојка на Red Bull Sugarfree.
Посветеноста кон квалитетот придонесува за легендарниот вкус на секоја голтка.
