
Едно од примарните места на дејство на кофеинот во човечкото тело е неговиот стимулативен ефект врз когнитивните функции.
Една Red Bull Zero лименка од 250 мл содржи 80 мг кофеин. Кофеинот помага да се подобри концентрацијата и да се зголеми вниманието.
Тауринот е аминокиселина, која природно се јавува во човечкото тело и е присутна во секојдневната исхрана.
Вклучен е во широк спектар на биолошки процеси, вклучувајќи ја осморегулацијата, што е регулирање на клеточната вода и електролитната рамнотежа во телото.
Тауринот е една од најзастапените аминокиселини во мозокот, срцето и мускулите.
Витамините се неопходни микронутриенти кои се потребни за одржување на нормалните функции на телото. Постојат два вида витамини: растворливи во масти и растворливи во вода.
Red Bull Zero содржи витамини растворливи во вода. Витамините растворливи во вода не се складираат во телото колку витамините што се растворливи во масти. Наместо тоа, тие циркулираат низ крвната плазма, а она што телото не го користи се ослободува.
Red Bull Zero ги содржи следните Б-витамини кои се растворливи во вода: ниацин (витамин Б3), пантотенска киселина (витамин Б5), витамин Б6 и витамин Б12.
Оваа група на Б-витамини придонесува за нормален метаболизам што дава енергија, како што е изградбата и распаѓање на јаглени хидрати и протеини и придонесува за нормални ментални перформанси (пантотенска киселина) и намалување на заморот (ниацин, пантотенска киселина, Б6, Б12).
Дополнително, групата на Б- витамини играат централна улога во мозокот. Ниацинот, витаминот Б6 и витаминот Б12 придонесуваат за нормално функционирање на нервниот систем.
Сукралоза: Сукралозата е некалоричен засладувач кој се добива од шеќер и има вкус сличен на шеќерот. Се произведува синтетички и се користи во најразлични производи, вклучувајќи пијалаци, печива, десерти, млечни производи, конзервирано овошје и сирупи.
Натриум цикламат: Натриум цикламат е некалоричен засладувач кој е приближно 30 до 50 пати посладок од сахарозата (белиот шеќер). Се наоѓа во различни видови храна и пијалаци, како што се нискокалорични газирани пијалаци, слатки, колачи, конзервирано овошје и десерти.
Натриум сахарин: Откриен уште во 1879 година, натриум сахаринот е најстариот, а воедно и еден од најшироко користените засладувачи со висока сладост во светот. Без калорична енергетска вредност во типични количини на употреба, се применува во илјадници производи, како што се газирани пијалаци, намази, овошни преливи, слатки, десерти и закуски.
Натриум цикламот, натриум сахаринот и сукралозата се меѓу најистражуваните и најкористените замени за шеќер во светот. Бројни научни студии тврдат дека овие супстанции се безбедни за употреба како засладувачи. Нивната безбедност е проценета од регулаторни тела низ целиот свет (на пример, Американската администрација за храна и лекови - FDA). Надлежните институции се потпираат на евалуации од независни научни советодавни тела, како што се Европската агенција за безбедност на храна (EFSA), Американската администрација за храна и лекови (FDA), и Заедничкиот експертски комитет на ФАО/СЗО за адитиви во храна (JECFA).
Водата е главна состојка на Red Bull Zero.
Посветеноста кон квалитетот придонесува за легендарниот вкус на секоја голтка.
